News

Оглас за ангажирање на истражувач/ка

Реактор – Истражување во акција има потреба од истражувач/ка со искуство во спроведување на истражувања,менаџирање на проектии застапување за промени во програмските области на организацијата. Сметаме дека ова е интересна можност за кандидат/к/и со значително истражувачко искуство, кои сакаат да работат на подобрување на јавните политики во Северна Македонија и регионот.

Позицијата предвидува полно работно време (40 часа неделно) и нефреквентни патувања воземјата и во странство. Позицијата овозможува личен развој и надградбаи динамична работна средина.

Предвидени задачи (опис на позицијата)

  • Планирање и спроведување на истражувачки активности и застапување во програмските области на организацијата;
  • Учествување во развој и подготовка на предлог истражувачки проекти и апликации;
  • Мониторинг и анализи на регулатива, стратешки документи и јавни политики;
  • Редовно следење и запознаеност со развојот на јавните политики во државата во програмските области на организацијата;
  • Планирање и управување со ресурси на проекти и/или делови од проекти кои се во нејзина/негова надлежност;
  • Подготвување финални извештаи за истражувачки проекти кои се во нејзина/негова надлежност;
  • Воспоставување и одржување односи на соработка со релевантни национални и меѓународни чинители;
  • Соработка со комуникацискиот тим при подготвување на комуникациски материјали за клучни наоди, податоци и препораки;
  • Учество и претставување на организацијата на конференции, обуки и други настани за стручно усовршување во и надвор од земјата;
  • Извршување други тековни задачи во согласност со потребите и активностите на организацијата.

Квалификации:

Образование и работно искуство

  • Завршени постдипломски студии од областа на општествените науки;
  • Најмалку 3 годишно релевантно работно искуство;
  • Работно искуство кое вклучува спроведување на истражувачки проекти, а особено истражувачки проекти во програмските области на организацијата и/или дополнителни неформални обуки за истражувања и влијание врз политики на локално и национално ниво ќе се смета за предност.

Технички вештини

  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително)
  • Познавање на софтвер/и за обработка на податоци (SPSS, Stata, NVivo,MAXQDA, или друг софтвер за анализа на податоци) (пожелно)
  • Познавање и искуство со софтверски алатки за собирање на податоци од интервјуа и анкети (LimeSurvey, Typeform, Monkeysurvey или други софтверски алатки) (пожелно)

Знаење и други вештини

  • Високо развиени аналитички вештини;
  • Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик е задолжително, познавање на албански јазик или друг јазик на малцинствата ќе се смета за предност;
  • Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областите на делување на организацијата;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност;
  • Способност за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

Како да се пријавите

За да се пријавите, Ве молиме дадоставите: 

  • CV (на англиски јазик)
  • Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство и образование е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 250 зборови)
  • Примери или извадоци од Ваш пишан труд (Трудот може да биде на англиски и/или на македонски јазик; Како труд можеда доставите извадок од академско истражување, извештај, документ за јавни политики, поглавје од книга или друга пулбикација - пожелно каде што сте главен/а или единствен/а авторка/автор).

Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на info@reactor.org.mk со наслов ИСТРАЖУВАЧ/КА. Рокот за пријавување е заклучно 10 јануари, 2020 година.

Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

*Реактор – Истражување во акција е организација која нуди еднакви можности за вработување, обезбедува инклузивна средина, промовира и почитува различности.