News

Оглас за ангажирање на Програмск/а/и координатор/ка

Реактор – Истражување во акција има потреба од Програмск/а/и координатор/ка со искуство во ефективен менаџмент, планирање, координација, имплементација и евалуација на програмски и проектни активности во организацијата.

Позицијата предвидува полно работно време (40 часа неделно) и нефреквентни патувања во земјата и во странство. Позицијата овозможува личен развој и надградба и динамична работна средина.

Предвидени задачи (опис на позицијата)

  • Задолжен/а за целосна и навремена имплементација на проектните и програмските активности и за постигнување на предвидените цели на програмата за работа на организацијата;
  • Координација на административните и оперативните текови во согласност со дефинираните организациски цели и стратегии;
  • Координација на персоналот во организацијата, спроведување периодична евалуација и подготовка на планови за развој;
  • Координација и учество во процесот на подготовка на стратешките документи на организацијата и придонес во развојот и имплементацијата на сродните планови, политики и процедури;
  • Подготовка на годишниот извештај и план на работа на организацијата во соработка со Претседател/ката;
  • Учество во подготовка на релевантни проектни апликации и обезбедување на фондови;
  • Одржување и градење партнерства со релевантни национални и меѓународни чинители;
  • Учество и претставување на организацијата на конференции, обуки и други настани во и надвор од земјата;
  • Извршување други слични задачи во согласност со потребите на организацијата.

Квалификации:

Образование и работно искуство

  • Завршени најмалку додипломски студии во полето на општествените науки. Доколку додипломските студии се во друга област, релевантното работно искуство ќе биде земено предвид.
  • Најмалку 5 годишно работно искуство кое вклучува менаџирање на програми и/или проекти во областа на родовата еднаквост, младински политики, добро владеење, ЕУ интеграција, или блиски сродни области.
  • Работно искуство во граѓанска или меѓународна организација ќе се смета за предност.

Знаење и други вештини

  • Одлично познавање на програмски и проектен менаџмент и процедури за организациски развој;
  • Докажани способности за планирање, организација и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

  • Ориентираност кон детали, висока ефикасност, проактивност и висока исполнителност;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини, лидерски и мотивациски способности;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите;
  • Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областите на делување на организацијата;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик (Познавање на албански јазик или друг јазик на малцинствата ќе се смета за предност).
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint.

Како да се пријавите

За да се пријавите, Ве молиме доставете: 

  • CV (на англиски јазик)
  • Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 500 зборови)

Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на info@reactor.org.mk со наслов ПРОГРАМСКА КООРДИНАТОРКА/ПРОГРАМСКИ КООРДИНАТОР. Рокот за пријавување е 10 јануари, 2020 година.

Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

*Реактор – Истражување во акција е организација која нуди еднакви можности за вработување, обезбедува инклузивна средина, промовира и почитува различности.