News

Реактор повторно со највисока оценка за транспарентност

logo_en500.png

29.06.2016. Реактор-Истражување во акција повторно ја доби највисоката оцена за транспарентност

во однос на објавувањето на изворите на финансирање. Ова беше истакнато во најновиот извештај на Transparify за 2016 година, каде што беа рангирани тинк тенк организации од целиот свет.

Од вкупно 200 организации од 47 земји кои беа опфатени со ова истражување, Реактор е награден со 5 ѕвезди, заедно со уште една организација од Македонија и 39 останати светски признаени организации.

Целта на истражувањето e да ја оцени и подобри транспарентноста на истражувачките организации како важни актери во креирањето политики, со тоа што ќе ги охрабри целосно да ги објават нивните извори на финансирање, вклучувајќи ги сите донатори и проекти.

Реактор веќе трета година по ред е наградуван со највисока оцена, и тоа во 2014 како единствена организација од Македонија која се здоби со епитетот 5 звезди за транспарентност од вкупно 169 организации од 47 земји, задржувајќи го истиот рејтинг и во 2015.

Ова е уште една  потврда на нашето меѓународно препознаено транспарентно и одговорно работење, на кое сме посветени од самиот почеток на нашето делување. Реактор и понатаму ќе продолжи да ја следи политиката на целосно објавување на изворите на финансирање како еден од основните предуслови за транспарентност и одговорност. Сите податоци за нашите донатори по проекти се достапни на нашата веб страница ( Листа на донатори ).

Целиот извештај можете да го погледнете тука.