News

Спроведено е истражување на темата право на јавен собир во Македонија

Capture.PNG

Во рамки на регионалниот проект “Мониторинг на јавните собири во Западен Балкан”, под лидерство на ECNL

Во рамки на регионалниот проект “Мониторинг на јавните собири во Западен Балкан”, под лидерство на ECNL (European Center for Not-for-Profit Law ), беше спроведено истражување чијашто цел беше да се подигне степенот на сознанијата за практикување на правото на мирен јавен собир.  Применувајќи идентична методологија, истражувањето беше паралелно спроведено во вкупно 5 земји од Западен Балкан. Реактор беше македонската организација која ја изработи студијата за мониторинг која се однесува на Македонија.

Забележан е растечки тренд на граѓанско учество на протести, од 13% во 2014 на 21% во 2015, со предвидувања дека истиот тренд може да се задржи и понатаму.  

Конкретната домашна легислатива која ја обезбедува правната рамка за практикување на правото на јавен собир беше ефектуирана во 1995 и понатамошно модифицирана неколку пати во текот на годините. Генералната проценка посочува дека иако е таа јасно структуирана, проблемот не е во легислативната рамка, туку во имплементирањето на законот во пракса. 

Сумарните препораки за овозможување на непречено право на мирен јавен собир се фокусираат на департизација на јавните установи и зајакнување на нивните капацитети. Потребно е интензивно да се работи на превземање акции за развивање на вештини, способности и сензибилизација за делување при јавни собири. Препораките исто така посочуваат на потребата од дополнително прилагодување на домашната легислатива на меѓународните стандарди.

Според  OSCE/ODIHR и Венецијанската Комисија, државата има обврска да овозможи мирно здружување и јавни собири, без притоа учесниците да се плашат за својата лична безбедност. До овој момент, базирано на нашите наоди, не може да се каже дека Македонија ја исполнила таа задача/одговорност/обврска.
Целосната студија за право на јавен собир во Македонија и препораките за подобрување на моменталната состојба  можете да ја симнете тука (македонската верзија ќе биде достапна насокоро).