News

Размена на идеи: „Да зборуваме за млади – Што е планот?“

Реактор – истражување во акција Ве поканува на размена на идеи на тема: „Да зборуваме за млади – Што е планот?“, настан кој ќе се одржи на 25.09.2018 (вторник), во просториите на Јавна соба во Скопје, со почеток во 10.30 часот со времетраење од 2 ипол часа.

Овој несекојдневен настан е замислен како организиран појадок на кој присутните ќе имаат можност да бидат дел од 5 различни дискусии кои ќе траат по 20 минути секоја, а за време на кои ќе слушнат кратки презентации од говорници на теми релевантни за младинските прашања и воедно и самите да бидат дел од дискусијата преку поставување на прашања или споделување на мислења, искуства и идеи. Гостите ќе ротираат на секоја од дискусиите, а како говорници ќе имаат можност да ги слушнат: 

  • Блажен Малески, Реактор – Што покажуваат истражувањата за состојбите со младите, младинските организации и алатките кои им се на располагање;
  • Младен Фрчковски, Министерство за труд и социјална политика – Невработеност, социјални политики и младинска гаранција;
  • Мартина Илиевска/Петар Барлаковски (TBC), Младински Образовен Форум – Младите и образованието;
  • Илија Станковски, Национален младински совет на Македонија – Младите, политика и граѓанско учество;
  • Мери Цветковска, ХЕРА - Младите и здравјето.

Идејата е сите присутни да имаат можност да се вклучат во дискусијата за прашањата и состојбите кои ги засегаат младите од неколку различни аспекти. Дополнително, на настанот ќе биде промовиран и новиот ресурсен веб-сајт за млади изработен од Реактор.

За време на дискусиите ќе се служат закуски и освежување за присутните.

Ќе ни биде особена чест доколку присуствувате на овој настан. Ве покануваме да го пријавите Вашето учество со пополнување на следниот формулар: https://goo.gl/forms/w2qwWYjRzj8pVHrF3, најдоцна до 23 септември, 2018 година.

За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање телефонски на 02 3245 536.

*Овој настан е дел од проектот „Младинско застапување за одржлива иднина“ поддржан преку акциски грант од страна на програмата Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, кој го спроведуваат Нирас од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).