Реактор – Истражување во акција има потреба од истражувач/ка со искуство во спроведување на истражувања, менаџирање на проекти и застапување за промени во програмските области на организацијата. Сметаме дека ова е интересна можност за кандидат/к/и со релевантно истражувачко искуство, кои сакаат да работат на подобрување на јавните политики во Република Северна Македонија и во регионот. Позицијата овозможува можност за личен развој и надградба, компетитивна компензација, флексибилно работно време и работна средина во која се земаат предвид потребите на вработените и балансот помеѓу приватниот и работниот живот.
Предвидени задачи (опис на позицијата)
- Планирање и спроведување на истражувачки активности и застапување во програмските области на организацијата;
- Учествување во развој и подготовка на предлог истражувачки проекти и апликации;
- Мониторинг и анализи на регулатива, стратешки документи и јавни политики;
- Редовно следење и запознаеност со развојот на јавните политики во државата во програмските области на организацијата;
- Планирање и управување со ресурси на проекти и/или делови од проекти кои се во нејзина/негова надлежност;
- Подготвување финални извештаи за истражувачки проекти кои се во нејзина/негова надлежност;
- Воспоставување и одржување односи на соработка со релевантни национални, регионални и меѓународни чинители;
- Соработка со комуникацискиот тим при подготвување на комуникациски материјали за клучни наоди, податоци и препораки;
- Учество и претставување на организацијата на состаноци, конференции, обуки и други настани во и надвор од земјата;
- Извршување други тековни задачи во согласност со потребите и активностите на организацијата.
Квалификации:
Образование и работно искуство
- Завршени додипломски студии од областа на општествените науки, завршени пост-дипломски студии може да се сметаат за предност но не се задолжителни;
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство во областите на работа на организацијата;
- Релеватно работно искуств кое вклучува спроведување на истражувачки проекти, а особено истражувачки проекти во програмските области на организацијата и/или дополнителни неформални обуки за истражувања и влијание врз политики на локално и национално ниво ќе се смета за предност.
Технички вештини
- Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително), искуство со користење на Teams и One Drive за работни комуникации и соработка (пожелно)
- Познавање на софтвер/и за обработка на податоци (SPSS, Stata, NVivo,MAXQDA, или друг софтвер за анализа на податоци) ќе се смета за предност
- Познавање и искуство со софтверски алатки за собирање на податоци од интервјуа и анкети (LimeSurvey, Typeform, Monkeysurvey или други софтверски алатки) ќе се смета за предност
Знаење и други вештини
- Високо развиени аналитички вештини;
- Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки за различни целни групи;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик е задолжително, познавање на албански јазик или друг јазик на малцинствата ќе се смета за предност;
- Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областите на делување на организацијата;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност;
- Способност за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различности
Систем на вредности:
Во нашата организација, ги негуваме и почитуваме основните човекови вредности за кои се залагаме во нашето работење и веруваме во следните основни вредности кои нè водат во секојдневната работа и односите со нашите колеги и сите засегнати страни:
- Искреност – Отвореност и транспарентност во комуникацијата, градење на доверба помеѓу сите членови на тимот.
- Иновација – Постојан стремеж кон создавање нови решенија и подобрување на нашите активности и услуги со користење на современи технологии и методи.
- Тимска работа – Соработка и поддршка на колегите, воедно почитување на разликите и различните перспективи на секој поединец.
- Образование и развој – Инвестирање во личниот и организацискиот развој преку континуирано учење и професионално усовршување.
- Одговорност – Преземање лична одговорност за сопствените дела и одлуки, посветеност на постигнување на заедничките цели на организацијата.
- Еднаквост и инклузија – Поттикнување вклучување и еднакви можности за сите, независно од полот, родот, етникумот, религиозната определба, сексуалната ориентација или други основи за различност.
- Солидарност – Поддршка на нашите колеги и заедницата во време на потреба, работа на создавање инклузивна средина која охрабрува различни гласови и перспективи.
- Почит – Уважување на секого како поединец, со сите негови вредности и уверувања.
Ако овие вредности резонираат со вас и сакате да станете дел од нашата динамична средина, ве покануваме да се пријавите!
Како да се пријавите
За да се пријавите, Ве молиме да доставите:
- CV (на англиски јазик)
- Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство и образование е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 250 зборови)
- Доколку имате, примери или извадоци од Ваш пишан труд (Трудот може да биде на англиски и/или на македонски јазик; Како труд може да доставите извадок од академско истражување, извештај, документ за јавни политики, поглавје од книга или друга пулбикација – пожелно каде што сте главен/а или единствен/а авторка/автор).
Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на info@reactor.org.mk со наслов ИСТРАЖУВАЧ/КА /ПРОЕКТЕН/НА КООРДИНАТОР/КА. Рокот за пријавување е заклучно 13 јануари, 2024 година. Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Опсегот на нето платата предвиден за оваа позиција изнесува 35.000 до 45.000 денари, во зависност од квалификациите и подготвеноста на кандидатот/ката, со можност за раст и развој во блиска иднина.
*Реактор – Истражување во акција е организација која нуди еднакви можности за вработување, обезбедува инклузивна средина, промовира и почитува различности.
Придружете ни се во мисијата за создавање општество со еднакви можности за сите!