На 9 јуни, во рамки на проектот „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”, се одржа работилница на тема „Родовата перспектива во јавните политики и улогата на граѓанските организации во Република Србија“. На оваа работилница, присуствуваа претставници од 3 граѓански организации од Србија кои се суб-грантисти во рамки на овој проект:
- Фондација Арка
- A11 – Иницијатива за економски и социјални права
- Здружение за развој на креативност (Drustvo za Razvoj Kreativnosti)
Присутните имаа можност да се запознаат подобро со националната и меѓународната правна рамка за ороднување, различни алатки и инструменти за родово интегрирање на јавните политики, како и да работат низ практични примери, да разменуваат идеи и добри практики во поглед на вклучувањето на родовата перспектива во политиките.
#GenderSensitiveEUAccession#rodnosenzitivnopristupanjeEU#родовосензитивниконЕУ#родовосензитивниЕУинтеграции#NdjeshmëriGjinoreQasjenëBE#PromovimiiBarazisëGjinore#BEpërBarazinëGjinore
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Реактор – Истражување во акција и не ги отсликува ставовите на Европската Унија или Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.