Тања Иванова се приклучи на тимот на Реактор во 2020 година, како програмска координаторка. Кон крајот на 2020 година, таа е назначена за претседателка на Реактор.
Пред да се приклучи на тимот на Реактор, Тања беше дел од Ипсос, глобално препознаена компанија за истражувања, каде работеше како менаџерка за истражувања, специјализирана за квалитативни истражувачки техники и водење на регионални и меѓународни квантитативни истражувачки проекти. Во текот на скоро тринаесет години во Ипсос, таа имаше можност да се вклучи во стотици различни проекти како тим лидерка, раководителка на проекти и постара истражувачка и аналитичарка. Нејзин фокус беа проектите во областа на јавните политики, социјални, економски теми, добро управување, образование,млади, жени и маргинализирани групи.
Нејзините претходни работни искуства со различни работодавци (јавен и приватен сектор и меѓународни организации) вклучуваат истражувања, аналитика, управување со проекти, односи со јавност, маркетинг и комуникации, обуки, како и спроведување на проекти финансирани од ЕУ (ЕАР) (2001-2007). Таа, исто така, има искуство и со настава и обука на англиски јазик за разновидни целни групи (1996-2004), како и искуство со официјален превод и толкување, вклучувајќи неколку книги поврзани со општествените науки, уметностите и еден роман .
Тања студираше Англиска филологија (втор главен предмет: Американски студии за цивилизација) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа, исто така, има поминато низ бројни програми за професионална обука кои опфаќаат различни области поврзани со истражувања и аналитика, раководење со проекти, комуникации во ЕУ и техничка помош од ЕУ, социјални, економски и деловни работи, маркетинг и брендирање, како и други сродни теми од важност за тековните задачи и должности.
E-mail: tania@reactor.org.mk