Како дел од регионалниот проект „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”, Реактор – Истражување во акција и имплементирачките партнери доделија вкупно 30 грантови на граѓански организации (ГО) од 6 земји (Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина), во износ од 438.143 евра.
Доделените проекти, во висина до 15.000 евра по грант, кои ќе се реализираат во наредните 18 месеци, ќе адресираат прашања поврзани со родовата еднаквост кон унапредување на положбата на жените во сите сегменти од општествениот живот.
Граѓанските организации од регионот кои ќе добијат грантови се:
Северна Македонија
- Хелсиншки Комитет за човекови права
- Гласен Текстилец
- Фајнанс тинк (Finance Think)
- Рурална Коалиција
- Хуманитарно здружение „Мајка“
- Организација на жени од Струмица
Албанија
- Заедно за живот – (Together for life (TFL))
- Албански институт за правни и територијални истражувања – ALTRI – (ALTRI – Albanian Legal and Territorial Research Institite)
- Женски центар „Лесни чекори“- (“Qendra e Gruas “”Hapa te Lehte””)
- За доброто на заедницата (Ne Dobi Te Komunitetit / Useful to women, communities and people in need SH.D.F.K.SH.P)
- Албански жени во аудиовизуелно – AWA – (Albanian Women in Audiovisual – AWA)
- Центар Родова алијанса за развој – (Gender Alliance for Development Centre (GADC))
Босна и Херцеговина
- Центар за поддршка на организации (Ценсор) – (Center to Support Organizations “Censor”)
- Фондација Обединети Жени Бања Лука – (United Women Foundation Banja Luka)
- Фондација CURE – (CURE Fondation)
- Здружение на жени Ромки „Подобра иднина“ град Тузла – (Roma women Association “Bolja buducnost” city of Tuzla)
Косово
- Боженствена жена – (Gruaja Hyjnore)
- Центар на малцинските заедници – (Minority communities center)
- EcoKosWomen – EKW
- Комитет на слепи жени на Косово – (Committee of Blind Women of Kosovo)
- Центар за застапување за демократска култура – (Advocacy Center for Democratic Culture – ACDC)
Црна Гора
- Сојуз на слепи Црна Гора- (Savez slijepih Crne Gore / Union of the blind of Montenegro)
- Црногорско здружение ЛГБТИКју – КВИР Црна Гора (Montenegrin LGBTIQ Association – Queer Montenegro)
- Институт Алтернатива – (Institute Alternative (IA))
- Женска алијанса за развој – (Zenska Alijansa za Razvoj / Women’s Alliance for Development)
- Здружение Спектра – (Association Spectra)
- Здружение на млади со попреченост од Црна Гора – (Association of Youth with Disabilities of Montenegro)
Србија
- Фондација АРКА – (Fondacija ARKA / Foundation ARKA)
- Здружение за развој на креативноста – (Drustvo za Razvoj Kreativnosti / Association for Development of Creativity)
- A 11 – Иницијатива за економски и социјални права – (А 11 – Initiative for Economic and Social Rights)
Финансиската поддршка за локалните (Ж)ГО преку ова суб-грантирање има за цел: (1) да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за поефективна интеракција со властите, ЕУД/ЕУК и другите граѓански организации во регионот, при што кај овие актери ќе ја развиваат свеста за родовите димензии во процесот на пристапување во ЕУ, како и за нивната важност и влијание; (2) подобрување на отчетноста на владите и ЕУД/ЕУК во имплементацијата на нивните заложби за родова еднаквост и женски права во текот на овие процеси.
Добитниците на грантови беа избрани од вкупно 96 апликанти, врз основа на утврдени критериуми. Комитетот за ревизија на грантови беше составен од претставници членки на имплементирачките партнерски организации во проектот, вклучувајќи ги: Реактор – Истражување во акција од Северна Македонија, Мрежа на жени на Косово (Kosovo Women’s Network) од Косово, Албанска Мрежа за зајакнување на жените (AWEN – Albanian Women Empowerment Network) од Албанија, Права за сите (Prava za sve) од Босна и Херцеговина, Центарот за права на жените (Centar za ženska prava) од Црна Гора и Фондацијата Kvinna till Kvinna од Шведска преку нејзината канцеларија во Северна Македонија.
Проектот „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ” се фокусира на зајакнување на регионалната соработка на женските граѓански организации, истражување и родови анализи за информирање на политики, застапување засновано на докази и мониторинг на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ, насочени кон унапредување на родовата еднаквост во регионот на Западен Балкан во процесот на пристапување во ЕУ. Овој проект е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).