Порака на извршната директорка на телото на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените, Мишел Башелет
Честопати ме прашуваат дали запирањето на насислтвото врз жените е можно со оглед на тоа дека оваа појава зазема големи димензии и е широко распорстранета. Мојот одговор е ДА. Но тоа можеме да го направиме само заедно.
Затоа по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените, ги повикувам лидерите да земат силен став за запирање на насислтвото врз жените.
Првиот чекор е направен: тишината за оваа појава е надмината. Денес најмалку 125 земји имаат закони кои го регулираат семејното насиsлтво и има законски мерки за насилство врз жените и девојчињата. 187 земји ја ратификуваа Конвенцијата за спречување на сите видови дискриминација на жените. Постои зголемено познавање за главните причини и последиците, жените, мажите и младите луѓе продолжуваат масовно да се мобилизираат против насислтвото, во многу земји политичарите заемаат одлучна акција. Но тоа не е доволно….
Сите мораме да бидеме уште подобри за да ги заштитиме жените и да го спречиме ова кршење на човековите права.
Денес насилството врз жените се препознава сѐ повеќе, како закана за демократијата, бариера за одржување на мирот, терет за националните економии, и грубо прекршување на човековите права.
Тоа не е само проблем на жените, тоа е одговорност на сите нас. Треба да покажеме волја, посветеност и да мобилизираме поголеми ресурси за запирање на насилството врз жените.
Да, тоа е можно, порача Г-а. Башелет.
По повод Меѓународниот ден против насилството врз жената и глобалната кампања 16 Дена активизам која трае од 25 ноември до 10 декември, канцеларијата на UN Women во Скопје и дава поддршка на Националната мрежа на НВО против насилство врз жената и семејно насилство заедно со Реактор-Истражување во Акција, во нивните напори за подигање на свеста за насилството врз жените во различните форми во кои тоа се манифестира.
Низата настани во рамки на 16 дена Активизам против Насилство врз Жените, ќе започнатсо презентација на Истражување за насилството врз жените и девојките на јавните места во Скопје, која ќе се оддржи во понеделник 26 Ноември 2012 година во хотел Арка