Оглас за ангажирање на 2 надворешни истражувач(к)и

Реактор – Истражување во акција како дел од проектот „Родово еднаква ЕУ интеграција – Градење на капацитетите на женските граѓански организации во ПЈРМ“ објавува повик за ангажирање на 2 надворешни истражувач(к)и за спроведување на Родова анализа со искуство во спроведување на истражувања во полето на родовата еднаквост, женски права, ЕУ интеграција и институции на ЕУ.

Вид на ангажман: Консултантски

Број на денови предвидени за овој ангажман: 26 работни дена (по истражувач) во периодот јули – декември 2018 година.

За проектот

Проектот „Родово еднаква ЕУ интеграција? – Градење на капацитетите на женските граѓански организации во ПЈРМ“ е спроведуван од Фондацијата Жена за жена (канцеларијата во Скопје) и Реактор – Истражување во акција, во рамки на Националната Програма за помош при транзиција и институционална надградба 2013 Инструмент за претпристапна помош (ИПА).

Оваа акција има за цел да ја зајакне вклученоста на женските граѓански организации во реформите за интеграција во ЕУ, преку партнерство и соработка со релевантни институции и механизми во креирањето на политиките и влијанието во планирањето, програмирањето и следењето на клучните национални реформи во однос на родовата еднаквост.

Проектот предвидува градење на капацитетите на женските граѓански организации како подготовка за спроведување на анализи, застапување за вклучување на родовите аспекти во главните политики и родово одговорно буџетирање во рамките на политиките и практиките од страна на телата на националната власт, како и на Делегацијата на ЕУ (ЕУД).

Проектот е финансиран од Европската унија.

Опис на задачата

Целта на родовата анализа е 1) да ги идентификува нееднаквостите, јазовите и разликите во контекстот специфичен за земјата и 2) да придонесе кон поголем ангажман на државата и другите клучни актери преку препознавање на родовата еднаквост на различни нивоа и спроведување на специфични одредби.

Со оглед на тоа дека има бројни области во кои жените остануваат недоволно застапени или се во неповолна положба, родовата анализа треба да користи различни алатки и концепти за подобро разбирање на родовата еднаквост во земјата. Исто така, треба да процени како владините политики во некои клучни области различно влијаат врз жените и мажите, дополнително, дали законодавството за родова еднаквост е ефективно транспонирано во македонското законодавство и како може да се решат потенцијалните јазови/недостатоци како во законодавството, така и во имплементацијата. Понатаму, анализата треба да вклучува проценка на напредокот во спроведувањето на Стратегијата за родова еднаквост. Специфични придонеси и препораки првично треба да бидат дадени кон релевантните национални власти. Анализата исто така треба да даде осврт за ГАП II и реформите во интеграцијата во ЕУ.

Квалификации 

Истражувач(к)ите пред сè треба да имаат докажано искуство во спроведување на истражувања, вклучувајќи методологија на истражување, собирање на податоци и анализа. Експертката/Експертот треба да демонстрира добро знаење и експертиза во областа на ЕУ интеграција, вклучително конкретно разбирање на институциите на ЕУ и нивните улогите и одговорности. Пожелно е претходно искуство и знаење во застапувањето на ниво на ЕУ.

Дополнително, експертката/експертот мора да има најмалку 5 години работно искуство во областа на родовата еднаквост и правата на жените, што може да вклучува, но не е ограничено на, работа во женска граѓанска организација, државни институции или меѓународни организации или фондации.

Истражувач(к)ите треба да ги исполнат следниве услови:

  • Професионално искуство во истражувачка методологија, прибирање на податоци и анализа (најмалку 5 години искуство);
  • Докажана експертиза во областа на родовите анализи и/или застапување (конкретно застапување на ниво на ЕУ);
  • Докажано работно искуство во областа на родовата еднаквост и женските права (најмалку 5 години искуство);
  • Сеопфатно знаење и разбирање на институциите на ЕУ, особено разбирање на процесот на проширување и пристапување;
  • Универзитетска диплома во полето на политички науки, социологија, родови студии, градење на мирот, студии за конфликти, право или сродно поле;
  • Магистерска диплома во полето на работа ќе биде предност;
  • Напредно знаење на пишан и говорен англиски јазик;
  • Докажани вештини за испорака на услуги во краток рок;
  • Силни вештини за соработка и способност за работа во меѓународно опкружување.

Должности и одговорности 

  • Дизајн на истражувачка методологија вклучително и десктоп анализа и методологија за теренско истражување;
  • Прибирање и анализирање на десктоп податоци вклучително и преглед на достапни извештаи и документи, постојни студии и административни статистички податоци;
  • Средба за валидација за презентирање на нацрт верзијата на извештајот на релевантни експерти и засегнати страни;
  • Вклучување на забелешки/коментари од релевантните засегнатите страни во извештајот;
  • Финализирање и презентација на извештајот;
  • Координирање на процесот со Реактор – Истражување во акција и Фондацијата Жена за жена вклучувајќи предизвици и бариери кои произлегуваат за време на задачата;
  • Координирање на сите релевантни засегнати страни и експертиза во однос на прибирање на релевантните теренски податоци и забелешки;
  • Десктоп анализата и теренското истражување да бидат кохерентни и подготвени за објавување до крајот на договорот.

Очекувани резултати 

  • Извештај за родовата анализа со препораки и придонес за вклучување на родовите аспекти во главните политики, доставен до релевантните клучни засегнати страни.
  • Најмалку 100 претставници на национални и меѓународни институции и пошироката јавност се информирани за наодите и заклучоците презентирани во Родовата анализа.

Процедура за аплицирање

За да аплицирате, Ве молиме да ни го испратите вашето CV (вклучувајќи и препораки) на следната имејл адреса, со ознака „Истражувач/ка – Родова Анализа“, до канцеларијата на Реактор во Скопје, на: info[at]reactor.org.mk, не подоцна од 15 јуни, 2018 година.