На 25.04.2017 претседателката на Реактор-истражување во акција, Марија Башевска имаше обраќање во Европскиот парламент во Брисел, на сесијата на Комитетот за женски права и родова еднаквост (FEMM Committee)
На покана од шведската фондација Квина тил Квина, Марија имаше обраќање во име на регионалните партнерски граѓански организации на фондацијата од шест земји од Западен Балкан и во своето обраќање се осврна на родовата еднаквост и правата на жените во регионот од перспектива на граѓанското општество.
Обраќањето се фокусира на економската нееднаквост меѓу жените и мажите, родовиот јаз во политичкото учество, состојбата со сексуалните и репродуктивните права, состојбата со насилството врз жените и родово базираното насилство, како и улогата на граѓанските организации кои работат на женски права и родова еднаквост во регионот.
Говорот можете да го погледнете на следниот линк (последните десет минути од видеото).