Доделени грантови во рамки на проектот „Унапредување на работничките права на жените” во Западен Балкан

Мрежата на жени на Косово (The Kosovo Women’s Network), Реактор – Истражување во акција и партнерите во коалицијата на организации за женски права против дискриминација на Западен Балкан, доделија 14 гранта на граѓански организации преку Женскиот фонд на Косово, со вкупна вредност од 198.275 евра.

Грантовите се дел од заедничката иницијатива „Унапредување на работничките права на жените”, финансирана од Европска Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА).

Од 14 организации добитници на грантови, 2 организации од Северна Македонија ги потпишаа договорите на 27 јануари: Хелсиншкиот комитет за човекови права од Скопје со иницијативата „Работнички обединете се!“ (19.998 евра); и Здружението Гласен Текстилец од Штип, со иницијативата „Унапредување на правата на текстилните работнички од Источниот регион“ (9.998 евра).

Други граѓански организации од регионот добитници на грантови се:

Албанија

Албанската мрежа за зајакнување на жени од Тирана со иницијативата „Подобрување на женските права на работа преку подобрен пристап до правда“ (20.000 евра); Центар за развој на заедницата „Денес за иднината“ од Тирана со иницијативата „Застапување за подобрување на институционалниот одговор на родово-базирана дискриминација на работа преку споделени практики во Општината Лежа и создавање интеракции со Комитетот за заштита од дискриминација на работа“ (10.000 евра); и Линијата за советување на девојки и жени од Тирана со иницијативата „Зајакнување на жените и девојките да пријавуваат родово-базирана дискриминација“ (9.900 евра).

Босна и Херцеговина

Фондација Здружени жени од Бања Лука со иницијативата „Подобрување на позицијата на жените при вработување и превенирање на родово-базирана дискриминација во Босна и Херцеговина“ (19.814 евра); и Фондацијата Академија за жени од Сараево со иницијативата „И ова е дискриминација“ (10.000 евра).

Косово

Косовскиот институт за право од Приштина со иницијативата „Подобрување на женските права на работа“ (19.950 евра); и Косовскиот Центар за родови студии од Приштина со иницијативата „Превенција на сите форми на дискриминација на работното место“ (10.000 евра).

Црна Гора

Синдикат на медиуми на Црна Гора од Подгорица со иницијативата „Еднаквост преку правда: Случаи на дискриминација на работа“ (20.000 евра); и Здружението на млади лица со попреченост од Подгорица со иницијативата „Зајакнати, вработени, вклучени“ (9.997 евра).

Србија

Виктимолошко друштво на Србија од Белград со иницијативата „Запознај се со родова дискриминација, идентификувај прекршувања на законот за вработување! Реагирај!“ (19.942 евра); А11 – Иницијатива за економски и општествени права од Белград со иницијативата „Подобрување на институционалните пракси за превенција на дискриминација врз жени на пазарот на труд во Србија“ (8.930 евра); и РОЗА Здружение за женски работнички права од Зрењанин со иницијативата „Што ме очекува на пазарот на труд“ (9.754 евра).

Истражувањето спроведено од членовите на Коалицијата во 2018 година, покажа дека родово-базираната дискриминација на работното место е клучно прашање кое го оневозможува вработувањето на жените и ги загрозува нивните права на работа.

Засегнати од ниските стапки на вработеност на жените и доказите за широко распространета дискриминација врз жените на пазарот на труд, Коалицијата работи заедно со други ГО од регионот, вклучително и гореспоменатите добитници на грантови, со цел да се адресираат препораките кои се резултат на ова истражување.

Овој здружен проект има за цел да ги зајакне различните ГО за ефикасно повикување на отчетност на институциите одговорни за имплементирање на легислативата против дискриминација поврзана со женските работнички права.

Добитниците на грантови беа избрани од вкупно 70 апликанти, врз основа на критериумите утврдени од страна на Комисијата за евалуација на апликациите. Комисијата беше составена од членови на Коалицијата, вклучително: Kosovo Women’s Network од Косово, Реактор – Истражување во акција од Северна Македонија, Gender Alliance for Development Centre од Албанија, Helsinki Citizens’ Assembly Banja Luka од Босна и Херцеговина, Women’s Rights Centre од Црна Гора и Kvinna till Kvinna Foundation од Шведска преку нивната канцеларија во Србија.

Ова е прв пат Мрежата на жени на Косово да додели грантови на ГО во регионот преку Женскиот фонд на Косово. Од 2012 година, овој фонд има доделено 174 грантови, поддржано 99 различни граѓански организации, во вкупна вредност од 952.022 евра. До денес, овој фонд има повеќе од 20.855 корисници. За повеќе информации, погледнете го следниот линк:  https://womensnetwork.org/kosovo-womens-fund/.