ОГЛАС ЗА РАБОТА – СЕ БАРААТ АНКЕТАРИ

Здружението Реактор има потреба од анкетари кои би биле хонорарно ангажирани за работа на телефонски истражувања.

Времетраењето на ангажманот е еден месец, а се плаќа според сработени анкети. Описот на работно место вклучува телефонско анкетирање на граѓани во некомерцијални цели, односно спроведување на социолошки истражувања. Потребните знаења и вештини вклучуваат: течно говорење на македонскиот или албанскиот јазик, професионалност, комуникативност, одговорност и спремност за усовршување. Не е потребно претходно искуство.

Заинтересираните за работа можат да пратат кратко CV на адреса info@reactor.org.mk.

НАПОМЕНА: Ќе бидат разгледувани само апликации од кандидати кои живеат во Скопје и ќе можат да работат во нашите канцеларии во Дебар Маало.