Ориентациска сесија го одбележа почетокот на иницијативите во рамки на суб-грантирањето од регионалната акција „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“

Реактор – Истражување во акција и партнерските организации одржаа ориентациска сесија со која се одбележа почетокот на иницијативите во рамки на суб-грантирањето како дел од регионалната акција „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“.

Вкупно 30 организации од 6 земји (Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина) добија грантови во висина до 15.000 евра по грант, кои ќе се имплементираат во следните 18 месеци и ќе адресираат прашања поврзани со родовата еднаквост во насока на унапредување на положбата на жените во сите сегменти од животот.

Овој проект е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).