Отворена позиција: Координатор/ка на финансии

Реактор – Истражување објавува повик за ангажирање координатор/ка на финансии во проектот Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ.

Позицијата предвидува редовно работно време со ретки попладневни и викенд ангажмани при организација на настани, како и нефреквентни патувања низ Македонија и во странство. Поради тековната пандемија, тимот на Реактор во моментов работи од дома, со план да се вратиме во канцеларија штом постојат услови за тоа.  

Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба, динамична работна средина и колективен одмор за новогодишните празници (покрај законски предвидените денови за одмор).

Oпис на позицијата

  • Координација со финансискиот менаџер за потребите на организациската канцеларија;
  • Подготвување  периодични и завршни финансиски извештаи;
  • Спроведување постапки за набавки за потребите на проектите во согласност со правилата и стандардите на ЕУ, внатрешните правила на Реактор и домашното законодавство во Република Северна Македонија;
  • Раководење со постапката на суб-грантирање и спроведување на административен и финансиски надзор над грантистите;
  • Следење и имплементација на административните проектни активности на организацијата;
  • Редовно следење на реализираните трошоци и на проектните буџети;
  • Изработка на налози за плаќања;
  • Вршење на работи кои се однесуваат на работните односи во рамки на проектите;
  • Организирање на настани за потребите на проектите на организацијата;
  • Вршење на други работни задачи кои се однесуваат на административно и финансиско управување на проектите по насока од раководниот тим.

Квалификации

  • Најмалку 3 години професионално искуство во финансии и администрација  во невладиниот сектор;
  • Завршени додипломски студии во релевантна област;
  • Претходно работно искуство на проекти финансирани од ЕУ ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство кое вклучува суб-грантирање ќе се смета за предност.
  • Развиени вештини за соработка и способност за работа во меѓународно опкружување
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик (говорен и пишан), познавање на албански јазик или друг јазик на малцинствата ќе се смета за предност;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон детали, висока ефикасност, проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за извршување на работни задачи и изготвување излезни елементи во краток временски рок во динамична работна средина;
  • Докажани способности за планирање и организација,;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

Висина на паричен надоместок

За оваа работна позиција е предвиден месечен надоместок врз база на договор на определено време во висина од 20.000 до 30.000 денари, нето. Конечниот надоместок ќе биде утврден врз основа на квалификациите и релевантните искуства.

Како да се пријавите

Вашата пријава, подготвена како единствен документ во PDF формат, треба да содржи: 

  • Воведно писмо на македонски јазик за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме зошто сакате да работите во Реактор и како Вашето досегашно работно искуство е релевантно за потребните знаења, вештини и работни задачи предвидени за оваа позиција
  • CV на англиски јазик (со контакти за препораки)

Ве молиме сите документи да ги пратите во посочениот формат. Пријави добиени во било кој друг формат нема да бидат земени предвид.

Вака подготвената пријава пратете ја по електронска пошта на info@reactor.org.mk со наслов EU Finance Coordinator.

Рокот за пријавување е 22 февруари 2021-ва година.

На сите што ќе се пријават им благодариме за интересот, но за жал не сме во можност да одговориме на секоја пријава, ниту пак да одговараме на телефонски барања/прашања. Само оние што ќе бидат избрани за интервју за позицијата ќе бидат контактирани, и тоа за најмногу 15 дена по одминување на рокот за пријавување.

За проектот

Проектот Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ е спроведуван од страна на Реактор, во соработка со Центарот за женски права (Црна Гора), Фондацијата Жена за жена (канцеларија во Северна Македонија), Здружението права за сите (Босна и Херцеговина), Мрежа на жени на Косово (Косово) и Албанска мрежа за зајакнување на жените (Албанија).

Овој проект се фокусира на зајакнување на регионалната соработка на женските граѓански организации, истражување и родови анализи за информирање на политики, застапување засновано на докази и мониторинг на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ, насочени кон унапредување на родовата еднаквост во регионот на Западен Балан во процесот на пристапување во ЕУ.

Главната цел на овој четиригодишен проект е зајакнување и проширување на постојната регионална соработка, зајакнување на партиципативните демократии и остварување на инклузивен родово-сензитивен процес за пристапување кон ЕУ.

Во рамките на проектот е предвидено доделување на грантови (субгрантирање) и јакнење на капацитетите на женските граѓански организации за интеграција на родовата перспектива во процесот на пристапување во Европската Унија.

Проектот е финансиран од Европската Унија.