Патот до политичките функции и влијанието на локално ниво во Македонија

На 15ти октомври 2015 година, со почеток во 13:00 часот, Реактор – истражување во акција ја промовира студијата

“Жените во политиката: Патот до политичките функции и влијанието на локално ниво во Македонија“, прво национално истражување кое се фокусира на влијанието на жените во политиката на локално ниво. Студијата е резултат на истражувањето кое се спроведе во рамки на проектот за зајакнување на улогата на жените во политиката финансиран од Француската амбасада во Скопје и поддржан од Националниот Демократски Институт (НДИ). Истражувањето, на примерок од 402 испитаници, советнички и советници од 74 општини, опфати широк спектар на прашања поврзани со:

  •  мотивацијата за вклучување на жените во политиката на локално ниво
  • поддршката на жените во политичките партии
  • политичките амбиции на жените и мажите
  • ставовите за родовата еднаквост во политиката

Клучните наоди од истражувањето идентификуваат родови разлики кои ги попречуваат жените да се кандидираат и да бидат избрани на функција.  Студијата дава посебен осврт кон факторите кои ја ограничуваат целосната вклученост на жените во политиката како што се товарот на домашните обврски, дискриминација врз жените во самите политички партии и перцепцијата дека родовата еднаквост е “женска проблематика”. Во публикацијата се вклучени и препораки за поголема политичка вклученост на жените преку подобрување на националните политики, внатрешните механизми на политичките партии но и поддршката од страна на граѓанските организации. Целосната студијата може да се преземе тука