ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ

Реактор – Истражување во акција (Северна Македонија), во партнерство со Albanian Women Empowerment Network (AWEN) од Албанија, Rights for all од Босна и Херцеговина (БиХ), Kosovo Women’s Network (KWN) од Косово, Women’s Rights Centre (WRC) од Црна Гора, како и Kvinna till Kvinna Foundation од Шведска преку нивната канцеларија во Северна Македонија, објавуваат повик за доделување на грантови во рамки на проектот: „Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ“. Овој проект, финансиран од Европската унија, кофинансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој, има за цел да ја унапреди родовата еднаквост во Западен Балкан преку процесот на пристапување во ЕУ.

Целта на овој Повик за доделување грантови е да ги поддржи локалните (Ж)ГО-и во унапредувањето на нивните капацитети во области каде што им е потребен дополнителен развој, преку пристап „учење низ работење“.

Финансиската поддршка за локалните (Ж)ГО преку ова суб-грантирање има за цел: (1) да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за поефективна интеракција со властите, ЕУД/ЕУК и другите граѓански организации во регионот, при што кај овие актери ќе ја развиваат свеста за родовите димензии во процесот на пристапување во ЕУ, како и за нивната важност и влијание; (2) подобрување на отчетноста на владите и ЕУД/ЕУК во имплементацијата на нивните заложби за родова еднаквост и женски права во текот на овие процеси.

Деталите за овој повик, критериумите за учество, видови активности, прифатливост на трошоци, времетраење, како и постапката за пријавување, рокови и временска рамка се достапни на следниот линк: на македонски јазик, на албански јазик, на англиски јазик, на српски јазик.

Одговори на често поставувани прашања во рамки на повик за доделување грантови.

Инфо сесии: