Предизвиците и можностите за вработување на маргинализирани групи во социјалните претпријатија

„Предизвиците и можностите за вработување маргинализирани групи во социјалните претпријатија“, на која беа презентирани резултатите и наодите од  најновото истражување – „Можностите и предизвиците на социјалните претпријатија за вработување на маргинализираните групи“, како дел од Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан – RRPP.

Ограничените можности за вработување и високополитизираниот пазар на труд, дискриминацијата врз основа на национална припадност, род, возрасна група и обесхрабрувањето што доаѓа врз основа на различни социјални фактори (отсуство на инклузивни работни места, неразвиена свест за маргинализираните лица и за придобивките од нивниот труд) беа посочени како најчестите параметри кои маргинализираните групи во Македонија ги посочуваат како причини за нивната невработеност.
Во земјава иако постојат законски рамки преку кои е возможно функционирањето на овие форми,  тие не обезбедуваат  поддршка за нивното работење.
Ова се само дел од заклучоците од истражувањето кое беше презентирано од „Реактор истражување во акција“, „Конект“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Македонија, во соработка со „Partners Albania for Change and Development“ и „Центарот за мир и толеранција“ од Косово.

Беа презентирани извештаите од спроведените истражувања во Македонија, Албанија и Косово, кои даваат локална и регионална слика за моделите и развојот на социјалните претпријатија во секоја од опфатените земји, околностите во коишто функционираат и нивните потенцијали за вработување маргинализирани групи.
Во рамки на двете панел дискусии, пак, беше направен осврт на можностите и предизвиците за вработување ранливи лица, а панелистите се обидоа да дадат одговори и на прашањето каква политика за социјално претприемаштво и развој на социјални претпријатија ни е потребна.   Во рамки на настанот беше презентиран и краток документ за јавните политики во овој домен.

Дамјан Здравев-Претседателот на Реактор, ја отвори конференцијата:,”Развојот на социјалните претпријатија во регионот е во своите зачетоци и најчесто се гледа како модел кој овозможува одржливост на организациите од граѓанското општество, но,потенцијалот е многу поголем. Искуствата од другите држави недвосмислено покажуваат дека социјалните претпријатија се ефикасен модел за намалување на сиромаштијата и зголемување на вработеноста и се особено адекватни за интеграција на маргинализираните групи на пазарот на труд. Целта на ова истражување е да сепродлабочи дискусијата за тоа какви јавни политики за социјално претприемништво ни се  потребни”.
“Ниската понуда на работни места најмногу ги погодува маргинализираните лица.  Потребен е флексибилен пристап во обезбедувањето на социјалната заштита на маргинализираните лица кој ќе овозможи истовремено работно ангажирање на овие лица. Не постои доволна поддршка, особено во поглед на фискалното олеснување, но и креирање законска рамка која ќе обезбеди бенефиции како поддршка..
Не постои ниту пак официјално препознавање на концептот на социјалните претпријатија, и токму поради тоа е неопходна широка дефиниција  на база на клучните критериуми за истите. “-посочи Марија Башевска-Координаторка на проектот.

Климентина Илијевски, извршна директорка, Асоцијација за истражување, комуникации и развој Паблик / Public и главна и одговорна уредничка на уличното списание #Лицевлице, кое функционира како социјално претпријатие за работна интеграција на маргинализирани групидодаде:“Фактичката состојба на пазарот на трудот која е апсолутно неповолна за социјално исклучените лица укажува на неопходноста за развој на социјални претпријатија за работна интеграција. Ова би создало можност за транзициони вработувања како подготовка на овие лица за слободниот пазар на труд, а преку другите свои форми, за конкретни ранливи групи, овие претпријатија можат да понудат и дологрочни вработувања. Секоја ранлива група бара соодветен приод  во однос на нивната подготовка за пазарот на труд и согласно тоа,  потребна е соодветна форма на социјално претпријатие за работна интеграција – транзиционо вработување, постојани самофинансирани работни места, професионалнаинтеграција со постојани субвенции или социјализација преку работна активност. “

“Активностите на социјалните претпријатија се присутни и без некоја јасно дефинирана законска рамка. Некогаш била полиберална, некогаш порестриктивна, но економската активност од страна  на субјектите секогаш постоела. Спектарот на услуги што ги даваат социјалните претпријатија се најразлични и се длабоко вкоренети во социјалната мисија. Објавуваат важна функција во општеството што не го обезбедуваат стандардните компании. И затоа треба да се поттикнува нивното постоење. СП за да се конкурентни на пазарот, мора да обезбедат квалитетни услуги за да може потрошувачите да ги имаат тие услуги. Во спротивно, поддршката би се свела само на хуманитарна помош. Потребна е и неопходна координација и вмрежување за ефикасно користење на ресурсите кои ги имаат. “- ијави Никица Кусиникова, Извршна Директорка на Конект.

Резултатите од регионалното истражување ќе бидат основа за подобрување на јавните политики во делот на социјални претпријатија и вклученоста и вработувањето на ранливите и маргинализирани лица. Дополнително, истражувањето ќе даде придонес кон научните истражувања во областа на социјалните претпријатија во регионот и Европа.