Проект на УСАИД за граѓанско општество

Повик за учество Работилница за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за поднесување пријави за грантови: Рефлексија на пријавите поднесени на првиот циклус за грантови

Проектот на УСАИД за граѓанско општество има за цел да ги поддржи граѓанските  организации во нивните напори за надгледување на властите и застапување, градење на своето членство и мобилизирање на граѓаните за суштински демократски прашања на локално и на национално ниво.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество објавува повик за учесници на работилница која е дизајнирана да послужи како алатка за учење и размислување на граѓанските организации кои сакаат да поднесат пријава за грант во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Во текот на работилницата, учесниците ќе можат да:

  • дознаат повеќе за успешните апликанти и да ги идентификуваат најголемите предности на досега поддржаните проекти;
  • ги евалуираат најчестите грешки на граѓанските организации во рамки на првиот повик за доделување грантови и да ги разберат најголемите слабости во пријавите за грантови;
  • ги идентификуваат можните начини за зајакнување на нивните капацитети за планирање на проекти; и
  • се вмрежат со граѓански организации со слични мисии и други потенцијални партнери.

Кандидатите за учество во оваа работилница треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • активно членство во граѓанска организација или неформална група;
  • да покажуваат интерес за и разбирање на клучните граѓански прашања на локално и/или национално ниво.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават до 12 декември 2012 година, со испраќање кратка биографија и комплетно пополнета пријава на info@reactor.org.mk. Заинтересираните можат да ја преземат пријавата за учество  тука, на www.soros.org.mk или на http://macedonia.usaid.gov/.

Во зависност од бројот на пријавени кандидати, ќе бидат организирани неколку работилници помеѓу 17-25 декември 2012 година. Се очекува кандидатите да бидат во можност да присуствуваат на еднодневна работилница во текот на овој период. Ќе се направат напори да се прифатат сите заинтересирани кои ќе се пријават, па поради тоа бројот на пријавени од една организација е ограничен на две лица.