На 11 ноември се одржавме работилница за безбедност во јавните простори со средношколки и студентки во Тетово во Center for Equal Opportunities Mollëkuqja.
Иако навидум мал и безбеден град во кој луѓето се познаваат едни со други, низ разговор и интерактивна вежба, девојките ги означија со црвено точките низ градот што ги избегнуваат. Зошто? Темни и мрачни улици, неасфалтирани патишта, дивеење со автомобили, висока концентрираност на кладилници, градилишта и места кои ги бие лош глас или имаат историја на насилни, сексуални инциденти.

Ги прашавме како може да се трансформираат овие точки за градот да го почувствуваат како свој? Покрај повеќе улично светло, паркови и полициска контрола на места за кои се знае дека се опасни, побараа поголема едукација за родовата димензија на инцидентите во јавниот простор особено за нивните соученици – момчиња, воведување на (ноќен) јавен превоз само за жени и изградба на социокултурни простори наместо дивоградби.

Претпазливоста и стравот со кој девојките се (растени да се) движат низ градот не смее да се нормализира бидејќи јавните простори ни припаѓаат подеднакво на секој/а од нас.Учесничките исто така дознаа за нашата платформа „Реагирај – биди безбедна!” каде можат дигитално да ги обележат небезбедните точки во градот и посведочените напади со цел документација и наше застапување пред институциите.