Се одржа обука на тема Застапување

На 17 ноември, во рамки на проектот „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”, се одржа обука на тема Застапување, која имаше за цел да се зајакнат капацитетите на организациите за воспоставување на ефективни стратегии за застапување и акциски планови.

Присутните се запознаа подобро со циклусот на застапување, и преку практични вежби имаа можност да работат на развивање на стратегии за застапување.

На обуката присуствуваа околу 30 претставници од 25 граѓански организации.

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Реактор – Истражување во акција и не ги отсликува ставовите на Европската Унија или Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.