СЕ ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДОВО ОДГОВОРНО БУЏЕТИРАЊЕ

На 28 февруари, во рамки на проектот „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”, се одржа работилница на тема Родово одговорно буџетирање, која имаше за цел да се унапредат знаењата на организациите за имплементација на концептот на родово одговорно буџетирање.

Присутните се запознаа подобро со главните буџетски концепти и термини, главните концепти на ороднување, што значи родово одговорно буџетирање и зошто е важно, која е методологијата на родово одговорно буџетирање, како и кои се клучните актери, дебати и предизвици, но и можности за застапување во насока на родово одговорно буџетирање.

На обуката присуствуваа 30тина претставници од 19 граѓански организации.

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Реактор – Истражување во акција и не ги отсликува ставовите на Европската Унија или Шведска.