Скопје Расте!

Проектот ‘СкопјеРасте’ е интернет платформа која се занимава со прикажување и анализирање на градските четврти Дебар Маало и Буњаковец низ неколку елементарни и хронолошки параметри: СТАНБЕНАТА СТРУКТУРА – како таа расте, се проширува и згуснува?
ПАРКИРАЊЕТО како реакција на зголемениот број станбени единици. Кои алтернативи ги нуди ДУП-от и како се справува со истиот проблем? И секако – ЗЕЛЕНИЛОТО како параметар, кој едноставно исчезнува во рамките на оваа урбана целина.

Оваа платформа на некој начин се обидува да влијае на микро ниво, како информативна и едукативна каписла, која ќе поттикне вклучување на оние субјекти кои претходно биле пасивни.

Податоците кои се презентирани на оваа платформа се резултат на колаборативен проект кој го спроведовме заедно со архитектонското студио АРХИТЕКТРИ. Проектот финансиски беше поддржан од Think Tank Fund и Information Program на Open Society Foundations.