На денот на човековите права потсетуваме дека јавните простори во нашата држава сè уште се небезбедни за многу жени и девојки – Секојдневното вознемирување (довикнување, следење, несакано допирање) е честа појава, а многу жени избегнуваат одредени простори, особено ноќе.
Jавната безбедност е основно човеково право. Затоа ја создадовме „Реагирај – Биди безбедна“, иницијатива против насилството кое им се случува на девојчињата и жените на јавните простори во земјава. Со помош на новите технологии и анонимноста која ја нуди оваа страна, собираме податоци за вознемирувањето и насилството кое го преживуваат жените и девојчињата, а кое често поминува непријавено и премолчено. Крајната цел е прибраните податоци да ги информираат релевантните институции за локацијата, фреквентноста и видот на насилство кое се случува и на тој начин ќе придонесат кон побезбедни јавни простори.
Сподели приказна, спречи насилство: https://www.reagiraj-bidibezbedna.mk/