Младите се постојан, неопходен и прогресивен сегмент на секое општество. Нивната улога, освен во општественото живеење, е особено важна и корисна во процесот на креирање на јавните политики. Меѓутоа, досега младите во Македонија не се доволно вклучени во овие процеси. Оваа публикација е обид да се унапредат ваквите состојби, а настана како резултат од соработката на Младински образовен форум со Реактор – истражување во акција во рамки на проектот: „Младите за отворено општество – локални младински иницијативи“.