www.mladinizbrojki.mk

„Млади низ Бројки е ресурсен веб-сајт каде што тимот на Реактор – истражување во акција се обидува да ги прикаже сите податоци релевантни за младите во Македонија. Притоа, веб-сајтот се обидува на едно место да ги прикаже легислативата и истражувањата релевантни за младите во Република Македонија и да ги приближи до организациите и институциите, со цел олеснување на пристапот до информации, разбирање и подобрување на ситуацијата на младите.

Проблемите со кои се соочуваат младите, во последните неколку години, станаа се поактуелни. Тоа доведе до генерално зголемување на видливоста на податоците поврзани со проблемите на младите. Сепак, оние коишто работат на дневно ниво со потребите на младите знаат дека податоците поврзани со младинските теми се најчесто расеани низ повеќе извештаи и истражувања, публикувани од страна на различни институции и организации, а дополнително се ретко достапни во употреблив формат. Токму и затоа го гледаме „Млади низ бројки“ како чекор кон збогатување на јавната дебата за младинските теми преку точни и релевантни податоци.

www.mladinizbrojki.mk

Област: Млади
Година на објава: 2018