![](https://reactor.org.mk/wp-content/uploads/2020/09/Webp.net-gifmaker-4.gif)
До воведувањето на афирмативни мерки (квоти) за избор на пратеници за првпат во 2002 година, учеството на жените во парламентот е исклучително ниско. Иако преку квотите е постигнат значаен напредок во застапеноста на жените во Собранието, сепак, моменталната состојба не е блиску до отсликување на еднаква родова застапеност во оваа институција и претставување на различните потреби и интереси на жените и мажите во општеството. Неопходно е жените и мажите да можат подеднакво да влијаат на одлуките и алокацијата на ресурси, преку зголемување на бројот на жени во Собранието кои преставуваат различни групи во општеството, но и преку креирање на вистински можности за влијание на агендата на законодавната власт, институциите и процесите на донесување на одлуки.