#ПРОШИРУВАЊЕНАИЗБОРОТ

Законот за работни односи на С. Македонија предвидува платен одмор за лични и семејни околности до седум работни дена. Со Општиот колективен договор за приватниот сектор на новите татковци им се дава право на платен одмор од два дена.
Директивата на ЕУ за рамнотежа помеѓу работата и животот предвидува најмалку 10 дена татковско отсуство за татковците. Законот за работните односи на С. Македонија треба да биде променет, со што ќе им се овозможи на татковците право за повеќе платено отсуство за време со нивните деца. Ова е важно за градењето врски меѓу татковците и нивните новороденчиња, и придонесува кон родова еднаквост!
Оваа кампања се стреми кон #проширувањенаизборот преку политики ориентирани кон семејството, како важен чекор кон ставање крај на родово-базираната дискриминација на работното место и унапредување на женските работнички права. Оваа кампања е поддржана од УНФПА, финансирана од Австриската агенција за развој, и од ЕУ, кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.