Родово-базирано насилство врз жените и девојките во јавните места во Скопје и Тетово

Родово-базираното насилство (РБН) и насилството врз жените и девојките (НВЖД) спаѓаат меѓу најшироко распространетите повреди на човекови права. Тие вклучуваат физичка, сексуална, психолошка и економска злоупотреба и ги надминуваат возрасните, расните, културните, економските и географските граници. РБН и НВЖД може да се случат во домот, на улица, на училиште и на работно место и да се манифестираат на различни начини – од најраспростратените облици на семејно и сексуално насилство, сексуално вознемирување и демнење, до помалку застапен и опасни практики, како што е таканаречното „убиство од чест“ и други облици на фемицид. Патријархалните норми и родовата нерамноправност често придонесуваат за нормализирање на насилството врз жените и врз другите маргинализирани групи. Ограничената свест и разбирање на РБН и НВЖД ги одржуваат штетните стереотипии начини на однесување, оневозможувајќи ги напорите да се создаде поддржувачка околина за оштетените и да се предизвикаат општествените норми што ја негуваат културата што ги обвинува жртвите и воспоставува неказнивост за сторителите. Понатаму, фактот што случаите на РБН и НВЖД недоволно се пријавуваат, што се должи на стигматизирање, страв од одмазда и ниска доверба во правниот систем, оневозможува прецизна проценка на опсегот и влијанието на проблемот.

Година на издавање: 2025