Преосвојување на јавниот простор преку феминистичка урбанистичка интервенција

Донатор: The Kvinna till Kvinna Foundation, UK International Developement
Времетраење: 1 август 2025 – 31 март 2026

Насилството врз жените и девојките претставува едно од најраспространетите прекршувања на човековите права и на глобално ниво и во Северна Македонија. И покрај усогласувањето на законодавството со Истанбулската конвенција, имплементацијата на законските мерки е сѐ уште предизвик и во голема мера се должи на ограничените институционални капацитети и ресурси и ниската свест за родово-базираното насилство (РБН) во јавните простори. Жените и девојките продолжуваат да се соочуваат со вознемирување, ограничена мобилност и страв во нивното секојдневно користење на јавните простори, додека урбаното планирање и инфраструктурата често ги занемаруваат нивните специфични потреби.

Проектот ги адресира овие системски јазови преку комбинација од феминистичко истражување, директно вклучување на заедницата и застапување засновано на докази, со цел трансформирање на јавните простори во инклузивни, безбедни и достапни средини за сите. Преку заеднички средби со млади девојки во Битола и Тетово, развивање на родово-сензитивна методологија за проценка на јавните простори и застапување на локално и национално ниво, иницијативата има за цел да ги засили женските гласови, да ја зајакне институционалната одговорност и да ги придвижи родово-инклузивни урбани политики. Истовремено, регионалните активности за размена на искуства и градење капацитети ќе овозможат соработка меѓу женските организации од Западен Балкан, со што ќе придонесат кон организиран, транснационален одговор на РБН во јавните простори.

Општа цел (ОО):
Изградба на безбедни и инклузивни јавни простори во Северна Македонија преку промовирање на урбанистичко планирање и инфраструктурни подобрувања кои им даваат предност на безбедноста и сигурноста на сите поединци, без разлика на родот.

Специфични цели (СО):

  • СЦ1: Да се придонесе кон преосвојување и трансформирање на јавните простори во инклузивни, достапни и безбедни средини за жените и девојките преку зајакнување на заедниците – особено жените и младите – и нивно активно вклучување во урбаното дизајнирање и просторните одлуки преку партиципативни процеси што поттикнуваат дијалог, демократија и социјална кохезија.
  • СЦ2: Да се зголеми јавната свест и разбирањето за РБН во јавните простори во Северна Македонија кај различни групи на население и засегнати страни.
  • СЦ3: Да се застапува за подобрен институционален одговор, правилна имплементација и спроведување на политиките и законодавството насочени кон борба против РБН во јавните простори, обезбедувајќи дополнително усогласување со меѓународните стандарди за човекови права и најдобрите практики.
  • СЦ4: Да се зајакнат капацитетите на женските граѓански организации низ Западен Балкан за спроведување родово сензитивни безбедносни проценки и за вклучување во застапување засновано на докази, придонесувајќи за регионална размена на знаење и координирани напори против РБН.

Проектот го имплементира „Реактор – Истражување во акција“, во партнерство со Центарот за еднакви можности „Бубамара“.