Кога јавните простори – вклучително и улиците – не се безбедни, не се работи за случајност. Небезбедноста е симптом на систем во кој оние кои се под ризик (жените пешаци) имаат најмалку контрола врз сопствената безбедност, а оние со најголемата одговорност (мажите возачи) не сносат последици за сопственото однесување.
Ова не е само еден трагичен инцидент, туку реалност во која женската мобилност е обликувана од страв, а агресијата доаѓа рака под рака со неказнивост.
Секоја жена и девојка има право на безбедно движење.