





Оваа година е посебна за нас. Во 2025, Реактор наполни 20 години. Обележуваме две децении во кои инсистираме дека истражувањето е навистина корисно тогаш кога придвижува и интервенира во светот – кога се пренесува на улиците, во политиките, институциите, училниците, автобуските постојки, младинските центри и, сè повеќе, во дигиталните простори.
Нашето име го носи тоа уверување уште пред да стане модерен развоен слоган. Го избравме затоа што изискуваше нешто од нас и целиме да му останеме доследни и понатаму.
По тој повод, на reactor.org.mk прочитајте го блогот на нашата претседателка, Тања Иванова, првично објавен на блогот на British Embassy Skopje по повод Меѓународниот ден на човековите права (10.12).А утре (25.12), ве покануваме на изложбата „Отпечатоци на еднаквост – траги од внатрешното ‘јас’“ во 20:00 часот во КИЦ во склоп на International Ex Libris Exhibition Skopje и одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Реактор
Темата на овогодишното биенале е инспирирана токму од нашата работа на родовата еднаквост, граѓанското учество и социјалната правда.
Придружете ни се заеднички да ја проследиме изложбата и да го одбележиме нашето дведецениско постоење. Ве очекуваме!