На 21 април, со почеток во 12:30 часот, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, се одржа работна средба на тема „Застапеност и влијание на жените во политиката и постигнување на паритет 50/50“.
Целта на средбата беше да се отвори дискусија за постојните предизвици во законодавството и во практиката во однос на застапеноста и влијанието на жените во политиката, како и да се разгледаат конкретни предлози за унапредување на Изборниот законик во насока на постигнување паритет 50/50 на локално и национално ниво.
На средбата учествуваа преставнички на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за правда, членки на Интер ресорската група за еднакви можности на жените и мажите, како и граѓански организации кои работат во областа на родова еднаквост.