



Слабата застапеност на жените на изборите не е само правен проблем туку резултат на системска и идеолошка регресија и отсуство на политичка волја.
Недостатокот на квоти за градоначалници и слабите санкции им овозможуваат на партиите да ја игнорираат родовата еднаквост како приоритет. Иако има мал напредок – 2 избрани градоначалнички повеќе од резултатите на претходните избори – ова повеќе делува како исклучок отколку како резултат на системска промена.
Што треба да се направи?
● Потребен е проактивен мониторинг и санкционирање на мизогиниот говор, особено на социјалните мрежи.
● Финансиски мерки за мотивација или санкција на партиите може да ја зголемат застапеноста на жените.
● Клучните закони за родова еднаквост мора да се донесат и доследно да се спроведуваат.
● Родова еднаквост во програмите и повеќе жени на изборните листи.