Донатор:
The Kvinna till Kvinna Foundation
Времетраење: August 2026 – December 2028
Овој проект има за цел да го елиминира родово базираното насилство и да ги унапреди сексуалното и репродуктивното здравје и права во Северна Македонија. Овие цели се остваруваат преку три главни столба:
- Институционална отчетност: Поттикнување на институциите да усвојат практики базирани на докази фокусирани на жртвите, како и надградба на платформата „Реагирај!“ за безбедно пријавување во соработка со Министерството за внатрешни работи.
- Градење на феминистичко движење: Поддршка на мрежата на Реактор, менторство на млади активистки, споделување на заеднички податоци (data commons) со грасрут-групи и организирање регионални размени на знаења.
- Јавна свест: Едукација на жените, девојките и пошироката јавност за правата на жртвите и за тоа каде да побараат помош, со цел активно да бараат промени.
