Успешна 57-мата сесија на Комисијата за статусот на жените

На 15-ти март 2013 заврши 57-мата седница на Комисијата за статусот на жените, на која покрај разидувачките ставови и долгите преговори, земјите членки успеаа да се договорат за Заклучоците.

Со усвојувањето на Договорените заклучоци од КСЖ 57, земјите членки им дадоа до знаење на сите влади во светот дека елиминирањето на насилството врз жените е критичен, итен и непосреден приоритет. Определбата на Комисијата да добие јасен исход од оваа седница е потврда за работата на активистите, невладиниот сектор и граѓаните кон спречување и елиминирање на насилство против жените во нивните држави и заедници.

Со усвојувањето на овие заклучоци, земјите членки (меѓу кои и Македонија) се обврзуваат да преземат конкретни чекори кон елиминарење на насилството врз жените, меѓу другото и итни услуги за жртвите во случаи на силување во форма на здравствена заштита, итна контрацепција и безбеден абортус.

Заклучоците претставуваат важен чекор во препознавањето и дефинирањето на овој глобален проблем, но сега останува на земјите членки да ги реализираат договорените точки. Во таа насока, генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун изјави: “Без разлика каде живее, без разлика од каква култура доаѓа, без разлика од кое општество, секоја жена и девојка има право да живее ослободена од страв.”

Договорените заклучоци можете во целост да ги прочитате тука.