Старееме како општество – генералната слика е поразителна

Бројките покажуваат дека 53.000 млади недостигаат во нашата држава во моментот, односно не само што секој втор од младите сака да се исели, има желба и се гледа себеси надвор, туку дека тие навистина и го преземаат тој чекор.
Од младите луѓе коишто во 2002 биле евидентирани во категоријата од 15-29 години, а кои сега би имале 35 – 49 години, недостигаат околу 100.000 луѓе, што е огромна бројка, односно 20% од тоа население сега го немаме. Тоа се луѓето кои се моторот на една економија.
Генералната слика е поразителна, бидејќи старееме како општество. Кога би ги имале овие луѓе во државата, би имале 35.000.000 евра годишно повеќе буџет, кога тие би биле вработени во државата за просечна плата и би придонесувале во економијата. – ова се само дел од поентите на нашиот истражувач Блажен Малески во вчерашната Топ тема.
Погледнете ја целата дискусија:

Оригинална објава на Телма.