На крајот од оваа година, споделуваме една ретроспектива на застапеност на жените и мажите во собранискиот состав на Република Северна Македонија од 1990 година до 2024 година.
Податоците покажуваат дека моменталната состојба не е блиску до постигнување на еднаква родова застапеност во оваа институција и претставување на различните потреби и интереси на жените и мажите во општеството.
Неопходно е зголемување на бројот на жени во Собранието кои преставуваат различни групи во општеството, и креирање на вистински можности за влијание на агендата на законодавната власт, институциите и процесите на донесување на одлуки.
Се надеваме дека во новата 2025 година ќе донесе значаен прогрес по ова прашање и ќе видиме поголема застапеност на жените на позиции на одлучување, во законодавната, извршната и локалната власт.