![](https://reactor.org.mk/wp-content/uploads/2024/03/Facebook.png)
Како можеме да ја планираме иднината, ако не ја знаеме сегашноста?
Недостигот на соодветно разделени и свежи статистички податоци може да има сериозни последици за планирањето на политики и донесувањето на одлуки, но и за мониторингот на напредокот или уназадувањето на состојбите.
Официјалната статистика може да ги направи нештата појасни и да ни овозможи да ја видиме реалноста во која живеат жените и мажите, девојките и момчињата, со сите нивни различности.