Кој се вози, а кој пешачи?

 

Транспортните политики мора да ги земат предвид различните потреби на жените и мажите со цел да овозможат безбедност и мобилност, како и превоз кој ќе одговори на нивните потреби.
Податоците покажуваат дека жените претежно се движат пешки или пак со автобус за да одат на работа или пак на училиште. Затоа, неопходни се подобри пешачки патеки, тротоари и улично осветлување, како и подобар и почест автобуски превоз со цел да се одговори на потребите на жените во сообраќајот.