Во 2022 година, постпородилна депресија се манифестирала кај 27,6% од младите мајки во Северна Македонија, додека 27,8% биле погодени од умерена до екстремна анксиозност.
И покрај тоа што декларативно се препознава важноста на менталното здравје на мајките, националните политики во Северна Македонија и натаму не успеваат да одговорат на специфичните потреби на мајките.
Прочитајте повеќе во најновиот бриф за политики на кој автор е нашата истражувачка Ана Бојчевска Митревска: Кој се грижи? Унапредување на менталното здравје на мајките преку интегрирани, мултидимензионални, системски интервенции, достапен на следниот линк: https://bit.ly/3CFpXB5
Овој документ е изготвен во рамки на програмата за обука „Едукација за родова еднаквост за практичари – од теорија до спроведување политики“ спроведена од The Kvinna till Kvinna Foundation и Institute of Social Sciences and Humanities – Skopje, финансирана од Svenska institutet.