Млади на попис

Во 2002 година вкупниот број на млади на возраст од 15 до 29 години изнесувал 480.828 или 24% од вкупното население. Според податоците од 2021 година, бројката за оваа категорија изнесува 326.733 или 18% од вкупниот број на населението. Во рок од 20 години, бројот на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за речиси 150.000 граѓани, што укажува на тоа дека нашето население старее.
Повеќе од 100.000 граѓани, кои во 2002 година биле на возраст од 15 до 29 години, а денес би имале 29 до 35 години, не се во државата, односно не се евидентирани на последниот попис. Овој тренд се повторува и кај децата на возраст од 0 до 9 години (во 2002), кои денес би имале 20 до 29 години, па така 16% од оваа група недостасува на последниот попис.
Податоците укажуваат на јасен тренд на заминување на младите во овие 20 години, кој е потврден и со пописните резултати. Државните институции мора да изработат јасни насоки и политики за подобрување на можностите на младите во државата, но и да креираат услови за brain gain, наспроти brain drain, во нашата држава.