#ПРОШИРУВАЊЕНАИЗБОРОТ

Родителското отсуство може да придонесе кон еднакви права за учество на жените и мажите во грижата и одгледувањето на нивните деца.
Оваа кампања се стреми кон #проширувањенаизборот преку политики ориентирани кон семејството, како важен чекор кон ставање крај на родово-базираната дискриминација на работното место и унапредување на женските работнички права. Оваа кампања е поддржана од УНФПА, финансирана од Австриската агенција за развој, и од ЕУ, кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.