#ПРОШИРУВАЊЕНАИЗБОРОТ

Дали знаевте дека Директивата на ЕУ за рамнотежа помеѓу работата и животот предвидува „отсуство за негуватели“?
Ова значи дека работниците може да земат отсуство за грижа за членови на семејството на кои им е потребна грижа, на пример, во случаи на сериозни медицински причини.
С. Македонија не дозволува ваков вид на отсуство и треба да го измени Законот за работните односи за да го овозможи ова.
Оваа кампања се стреми кон #проширувањенаизборот преку политики ориентирани кон семејството, како важен чекор кон ставање крај на родово-базираната дискриминација на работното место и унапредување на женските работнички права.
Оваа кампања е поддржана од УНФПА, финансирана од Австриската агенција за развој, и од ЕУ, кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.