Жените во нашата земја се соочуваат со длабоко вкоренета дискриминација, која се огледува и во нееднаквиот пристап до платено вработување. Но, не сме сите еднакво нееднакви.
Разликата во стапката на вработеност меѓу мажите и жените е многу поголема во руралните средини и изнесува 24 процентни поени, додека во урбаните средини е 14 процентни поени.
Денес е меѓународниот ден на руралните жени. Славејќи го нивниот труд, потсетуваме дека овие жени имаат отежнат пристап до платено вработување, социјална и здравствена заштита. Еднаков пристап и работнички права за сите!