Грижата за децата и семејните обврски се сè уште екслузивна одговорност на жените

Податоците покажуваат дека грижата за децата и семејните обврски се сè уште екслузивна одговорност на жените и дека тоа е причината зошто најголем дел од нив се лишени од пристап до платена работа.

Затоа, неопходна е реформа на политиките за поддршка на балансот помеѓу работниот и приватниот живот, како што е споделеното родителско отсуство, пристапни и квалитетни сервиси за грижа и за згрижување на децата на предучилишна возраст, и услуги за грижа за лица на кои им е потребна поддршка, со што ќе се овозможи поголема вклученост на жените на пазарот на труд.