
Во 2022 година, 27,6% од младите мајки искусиле постпородилна депресија, a 27,8% се соочиле со умерена до екстремна анксиозност.
Перинаталните нарушувања можат да се појават кај секого, но недостигот од социјална поддршка е еден од најсилните ризик-фактори. Мајките не страдаат во изолација туку изолацијата е дел од проблемот. Идеалот за мајката која е „секогаш среќна“ ги обесхрабрува жените да зборуваат за своите реални (и непријатни) искуства.
Што е потребно?
● системска поддршка
● достапни услуги за ментално здравје
● споделена родителска одговорност
● заедничка грижа наспроти изолација
Менталното здравје на мајките е општествено, а не само индивидуално прашање. Грижата за мајките е инвестиција во идните генерации.