
Зошто жените и понатаму изостануваат од политиката? Од 309 кандидати за градоначалници, само 32 се жени.
Жените се почесто обесхрабрени од средината и семејството да се бават со политика, а кога тоа го прават од нив се бара да се докажуваат повеќе и подолго од нивните колеги.
Додека во политиката, за жените се вели дека се „недоволно амбициозни”, тие ги наведуваат општествените предрасуди и недостатокот на поддршка од самите партии како причина за нивното помало учество. Додека мажите водат партии, жените едвај членуваат во нив.*
_______
* извор: „Жени во политиката 2: Патот до политичките функции и влијанието на локални ниво во С. Македонија” (2023), Реактор – истражување во акција.