Инклузијата не е избор – туку обврска

На Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија (#IDAHOBIT), во фокус го ставаме неодамнешното истражување на Коалиција Маргини / Coalition Margins за институционалните предизвици и последици со кои се соочуваат ЛГБТИК+ лицата во Северна Македонија.
Студијата покажува дека ЛГБТИК+ луѓето се дискриминирани во образовниот, здравствениот, правниот и судскиот систем, како и во пристапот до работа и социјална помош. Во студијата се предлагаат конкретни чекори што би довеле до општество во кое се почитуваат правата на ЛГБТИК+ луѓето:
🏳️‍🌈 Обуки за институциите за препознавање и спречување дискриминација.
🏳️‍🌈 Елиминирање на дискриминаторски содржини од учебниците и воведување на инклузивно образование при што ЛГБТИК+ младите ќе бидат заштитени од дискриминација врз основа на родов идентитет и сексуална ориентација.
🏳️‍🌈 Строга примена на антидискриминаторски закони и одговорност за прекршителите.
🏳️‍🌈 Безбедни простори и доверливи механизми за пријавување насилство.
🏳️‍🌈 Политики што ги адресираат потребите на ЛГБТИК+ заедницата, особено во однос на менталното здравје и пристапот до социјална заштита.
🏳️‍🌈 Кампањи за подигање на јавната свест и рушење предрасуди.
🏳️‍🌈 Партнерства меѓу институции и граѓански организации.
🏳️‍🌈 Системско следење и вклучување на заедницата во процесот.
Инклузијата не е избор – туку обврска.